Охрид гледа од врвот, Локомотива бара бекство од дното
08.03.11 00:51
Лидерот во второлигашката конкуренција Охрид`04 во целост и се реваншираше на Локомотива за пораз во првиот дел од првенството, победувајќи со 4-1 во воведниот натпревар од пролетната етапа.
Охриѓани во не толку убедлива игра стигнаа од висока победа која беше постигната во вториот дел благодарение на расположениот Клечакароски.
– Играчите во натпревар влеога во грч, долго се мачевеме да креираме посериозона акција а дадовме гол од неизработена акција. Во вториот дел екипата заигра како што очекуваме постигнавме ран погодок, а потоа следуваше недозволиво опуштање кое гостите го казнија со погодок. Бргу се консолидиравме и со двата гола во период од пет минути ја осигуравме победата – рече шефот Ѓорески кој напомена дека секој почеток е тежок, а тоа го осетил и како и како играч, а сега и како тренер.
Екипата на Локомотива остави солиден впечаток во Охрид, тимот е составен од млади фудбалери кои се дел од младинските репрезентации на Македонија. Неискуството на составот на “локосите“ ги чинеше пораз на “Билјанини Извори“.
– Првите два гола ги примивме по наши грешки, во финишот на првиот дел останавме со играч помлаце но мислам дека во вториот дел одигравме подобро, и бројчаната предност не беше осетна. На Охрид му посакувам многу среќа понатаму и сметам дека со вакви игри охриѓани в година ќе гледаат прволигашки фудбал – потенцираше тренерот на гостите Алесксандар Митев кој истакна дека за скопскиот тим најважно е да се избори опстаноткот.
Во второто пролетно коло Охрид и гостува на Ринија, додека Локомотива гостува кај Еуромилк.
И годинава на Велигден во Велгошти се одигра традиционалниот фудбалски натпревар помеѓу “Стари” и “Млади” Поуспешни во празничната спортска пресметка беа „старите“ кои славеа со 5:3 Натпреварот што...
Охридскиот супер херој Марко Пејчиновска на 28 август ќе се соочи со нов предизвик – нестандарден IRONMAN околу Охридското Езеро во должина од 106,8 километри, видоизменет поради повредата ко...
Охрид ќе биде домаќин на групата Г од Купот на Македонија Натпреварите ќе се играат на 27042025 (недела), а распоредот е следен: 1100ч РК Прилеп – ГРК Охрид 1300ч ГРК Тиквеш 2014 – РК А...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.