Ракометна еуфорија раководството на Кошаркаската Федерација на Македонија го “искористи“ за промоција на Охрид и на кошаркарски план. Во посета на Охрид, со цел да се запознае со сместувачките капацитети и инфраструктурата беше генералниот секретар во Фиба Европа Нар Занолин.


Генералниот секретар придружуван од водечките луѓе на кошаркаската федерација како и управата на охридскиот Амак СП, изрази задоволство од градот Охрид и условите кои ги нуди.

– Презадволен сум од она што го видов во Охрид. Салата е морам да признам прекрасна, но во разговор со челниците на КФМ им напоменав дека потребна ние е уште една сала за да може да организирме Европско првенство во некоја од младинските конкуренции. Како што знаете ние организираме неколку такви  годишно и лесно може Охрид  да добие едно од тие натпреварувања. Охрид ја има потребната инфраструктура и во тој дел не гледам некоја пречка.

Сепак се додека не се изгради уште една сала барем приближно како “Билјанини Извори“ до тогаш Охрид нема да може да биде домаќин на такво натпреварување.

Според она што го гледам оваа сала уште утре може да биде домаќин но ќе треба уште една поради бројот на екипи кои би учествувале – заврши ген. сек Нар Занолин.

Генералниот секретар Нар Занолин  е  човекот кој ги држи сите конци в раце,  Тој е импресиониран од она што го виде и очекувам многу бргу да влеземе во неговата агенда вели за Ohridnews првиот човек на КФМ Даниел Димевски.

– Убеден сум дека Охрид е  вистинското место за организација на голоеми натпреварувања, како и организација на семинари. По денешната посета ќе влеземе во неговата агенда, и многу брзо очекуваме позитивни рекации.

Посетата на Занолин на Македонија ќе заврши со пресс конфернација во просториите на КФМ.

М.Постоловски