Охрид се претстави во Лугано
Во рамки на посетата на Швајцарија, делегацијата на Општина Охрид. која ја предводи градоначалникот Александар Петрески, остварила повеќе работни средби со бизнисмени и потенцијални инвеститори. Петрески се сретнал и со својот колега од Лугано со кого разговарале за продлабочување на соработката меѓу двата града, како и за најавената донација од швајцарскиот град за опремување на територијалната противпожарна единица во Охрид со современа опрема и возила.
Туристичкиот саем во Лугано е традиционална централна туристичка манифестација во Швајцарија на која учествуваат познати туроператори од Европа.