Охрид ги одбројува последните часови од 2006 година. На раскошно украсениот плоштад течат последните подготовки за дочекот на Новата година, кој според најавите на локалната самоуправа ќе биде најдобро организраниот до сега.
прекрасно украсениот центар
Забавата утрово започна со најдите кои до 15 ч ќе се дружат со ѕвездите од фестивалот Распеано рибарче“ и Дедо Мраз, а локалната за нив подготви и околу 400 новогодишни пакетчиња.
Забавата вечерва ќе започне од 21 ч со настап на локални пеачи и групи, а ќе кулминира со настапот на Каролина Гочева и групата Ареа, вели водителот Жанко ЗШ Голабоски, кој најавува дека околу 10.000 луѓе ќе ја дочекаат Новата година под отворено небо во Охрид.
церемонијал мајстор Жанко ЗШ Голабоски
Градот веќе пулсира празнично. Охридските хотели се преполни со гости од странство, а најмногу ги има од соседните Србија, Бугарија, Грција и мал дел од Албанија. Слободни соби во хотелското сместување речиси и да нема, а слободни места не можат да се најдат ниту за дочекот на Новата година во угостителските објекти.
одлична предновогодишна атмосвера