Градоначалникот на Охрид Александар Петрески со чек вреден 30 илјади денари ги награди охридските атлетичарите кои ја годинава се закитија со двојната круна. Атлетичарите на АК Охрид се државни прваци во сениорска и младинска конкуренција во Македонија.


– Оваа симболична награда се надевам дека ќе биде поттик за уште поголеми успеси  – рече Петрески.

М.Постоловски