Спортската сала Билјанини извори и градот Охрид максимално ги исполнија строгите услови на ЕХФ за организација на Европското првенство што почнува денеска во Скопје и Охрид.
Градоначалникот Петрески не го крие задоволството од тоа како е подготвена салата „Билјанини извори“. Покрај новите детали во надворешноста, нов изглед доби и внатрешноста на салата. Покрај посебниот пулт за новинарските екипи, прес центарот и новата подлога, подготвена е и салата за загревање, а до најситен детал исполнети се и другите услови зададени од ЕХФ, вели Петрески.
За разлика од Скопје каде подготовката на салата „Борис Трајковекси“ комплетно ја презеде државата, салата во Охрид ја подготвивме исклучиво со наши средства, изјави Петрески.
– Охрид е подготвен за Европскато првенство. Салата е прекрасно уредена, инфраструктурата на градот исто така, а верувам учесниците се задоволни и од сместувањето во хотелите. Со тоа ги демантираме сите сомнежи дали ќе успееме да се подготвиме добро за шампионатот иако бевме оставени сами во тоа. Направивме дури и повеќе зашто се што ќе направиме останува и за понатаму, рече Петрески.
Градоначалникот Петрески се согласи со констатцијата на новинарите дека Европското првенство не е доволно изрекламирано. Прзентацијата е лоша и на државно ниво, а не само на локално и мислам дека организаторот, РФМ, не направи вистинска презентација на првенството, рече Петрески. Тој упати апел до организаторот да ја намалат цената на билетите за натпреварите во Охрид кои се фиксирани на 900 денари, за разлика од Скопје каде има билети по цена и од 200 денари.