Празници се, време е за релаксација и опуштање. А тоа секогаш оди со добра забава, а уште подобро со чаша пиво по избор. А него го има на претек во ирскиот паб „Фајв“, кој за сите љубители на пивото подготвува вистинско уживање – Пивски игри, кои за прв пат ќе се одржат во Охрид, на 29 декември.
За учесниците предвидени се вредни награди. Доколку имате ведар и тимски дух, се што треба да направите е да соберете група пријатели и да направите тим за натпревар, кој треба да се пријави во пабот „Фајв“. Победниците ги очекуваат изненадувања, а учесниците многу забава за која ќе се погрижат Алекс и Мартин.
Пабот „Фајв“, ја објави и Новогодишната програма, во повеќе варијанти. Местата се ограничени, па затоа резервирајте на време.
OhridNews