Интернационалниот музички фестивал “Охрид фест – Охридски трубадури”, кој годинава слави 15 години, со цел што поуспешно да се подготви за својот јубилеј, подготви нова web страница на фестивалот, која ја изработи СЕМОС МУЛТИМЕДИА.

Отсега, на сајтот www.ohridfest.org.mk  ќе може да се прочитаат сите новости, сите информации врзани за фестивалот, а после 1-ви јули, кога е последен рок за предавање на песните, ќе може на сајтот да се слушнат и рефрените на сите песни што ќе бидат изведени во Вечерта на нови ѕвезди, во Фолк вечерта и во Поп вечерта. Што се однесува пак до Интернационалната вечер, владее голем интерес низ целиот Балкан и се очекува учество на многу познати пејачки имиња.

ohridnews