Фестивалот „Охрид фест – Охридски трубадури“ го распиша конкурсот за избор  на песни  кој ќе трае до 15  март.Учество можат да земат сите заинтересирани граѓани кои во предвидениот рок ќе испратат демо аудио снимка и текст од песната.

Авторите на композициите имаат право да предлагаат интерпретатори за нивните песни, но дефинитивниот избор на пејачите го одредува фестивалот. Доколку селекционата комисија оцени дека на конкурсот не пристигнале доволен број квалитетни композиции, останатиот број песни ќе биде обезбеден по пат на нарачка од еминентни авторски имиња, велат од организацијата.

Одбраните песни за официјалната програма на фестивалот ќе се снимаат во “Блу студио” Скопје.
Шеснаесеттото издание на фестивалот “Охрид фест – Охридски трубадури”  ќе се одржи од 26 до 29 август на летната сцена во Долни Сарај.   

На фолк, поп и интернационалната вечер ќе се доделуваат  три награди од публиката, исто толку од жирито, како и награди за најдобар аранжман, текст, интерпретација, дебитант и сценски настап.

Ohridnews