На Интернационалната вечер на фестивалот “Охрид фест – охридски трубадури 08” ќе настапат и Deep zone & DJ Балтазар. Тие годинава ја претставуваа Бугарија на Евросонг во Белград со песната “Take me away” (“Земи ме”).
Од Советот на фестивалот исто така известуваат дека на 20 јуни (петок) во 11 часот, во Холидеј Ин ќе се одржи Прес конференција, на која ќе бидат соопштени имињата на учесниците во Вечерта на нови ѕвезди, во Фолк вечерта, во Поп вечерта и во Интернационалната вечер на фестивалот “Охрид фест – охридски трубадури 08”. На Пресот ќе бидат соопштени и многу други детали врзани за одбележувањето на јубилејот 15 години “Охрид фест – охридски трубадури”.