Охридските ракометари на гостувањето во Битола ја остварија целта освојувајќи го целиот плен. „Гладијаторите“ на крајот од мечот се радуваа на убедлива победа 25-19, иако на полувремето резултатот беше изедначен 10-10.
Избраниците на Раде Стојановиќ одиграа маестрално второ полувреме во кое функцинираа како еден. Одбраната ја крена „ролетната“ а кога ќе поминеше топка тука беше голманскиот двоец Брауновиќ-Даниловски. Нападот делуваше сигурно и најважно реализираше секогаш кога ќе му се пружеше вистинска шанса.
Триумфот во Битола е продолжение на победата против Работнички во Охрид, што значи дека охридските ракометари фаќаат залет и допрва доаѓа најдоброто од нив. Во следната трета рунда во Супер лигата, Охрид ќе се сретне со Радовиш кој има идентичен скор како и охридскиот состав.
Резултати: Радовиш – Струга 29-27, Пролет – Металург 26-26, Пелистер – Охрид 19-25, Вардар Јуниор – Бутел Скопје 26-31, Работнички – Металург 2
Табела: Бутел Скопје 9, Металург 7, Пролет 7, Охрид 6, Радовиш 6, Пелистер 3, Струга 1, Работнилки 1, Металург 2 0, Вардар Јуниор 0
Двојки 4.рунда: Охрид – Радовиш, Струга – Вардар Јуниор, Металург 2 – Пелистер, Пролет – Работнички, Металург – Бутел Скопје
OhridNews
Фото: 24.ракомет
Обновено: Меч без грешка на Охрид за триумф во Битола! (видео)