Охридскиот ракометен клуб испиша нов лист во својата историја, откако ја освои есенската титула во Супер лигата. Големиот успех „гладијаторите“ го потврдија со триумфот над Радовиш пред своите гледачи со 28-22 (15-10) во 9-та рунда од шампионатот.
Охриѓани носени од „шампионскиот императив“ добро го отворија мечот и поведоа со 4-1 по само пет минути игра.
Многу брзо стигнаа и до четири погодоци предност (9-5), а со серија 6-1, домаќините дополнително го зголемија водството за (15-6) на семафорот.
До крајот на првиот дел, гостите од Радовиш постигнаа четири голови и на одмор заминаа со негатива од пет голови (15-10).
Опуштеноста во составот на Охрид, ракометарите на Радовиш ја искористија и во 47-та минута стигнаа до минус три (20-17).
„Гладијаторите“ во финишот го стегнаа обрачот и не дозволија изненадување во „Билјанини Извори“.
Охриѓани во среда на домашен терен играат нов натпревар, а противник им е последнопласираниот на табелата Работнички.
Р.К. Охрид: Трајкоски (11 одбрани/1гол), Стојаноски, Најдески, Андоновски 5, Иваноски, Младеновски 8, Блажески 2, Костов 1, Новаковиќ, Спасовски, Јанев 4, Кобетиќ 4, Кежиќ 3, Адамовиќ, Трифуноски, Белевски.
Р.К. Радовиш: Паунов (10 одбрани), Постолов, Марков 4, Долдуров 5, Ѓеоргиев, Милосавлевиќ 5, Фенов, Соколов 2, Чизмовиќ 2, Спасков, Мачевалов 1, Јовчевски 3, Борисов, Спасов.
Мх.П.