Ракометниот клуб Охрид во првата рунда од четвртфиналето ги заврши натпреварите во Купот на Македонија. „Гладијаторите“ на гостински терен во Скопје изгубија 2927 од водечката екипа во Првата лига, Бутел.
Двете екипи одиграа вистинска дерби средба, а посреќна излезе домашната која ја презеде организацијата на една од четирите четвртфинални групи. Со поразот и елиминацијата Охрид останува на две учества на Ф4 турнирите.
Бутел во финалето кое ќе се одигра денеска во 16 часот силите ќе ги одмери со составот на Пелистер, кој славеше против Делчево во 1/2 финалето.
OhridNews