Ракометниот клуб Охрид со очекуван триумф над Вардар Јуниор 33-31 (17-16) во Скопје ја започна втората етапа во македонската Супер лига. „Гладијаторите“ со победата над младите „вардарци“ го пребродија поразот од Пелистер во супер дербито во ракометната елита. 

Двете екипи одиграа ефикасен натпревар, а подобро се снајдоа охридските ракометари кои дури во финишот ја потврдија фаворитската улога на теренот. 

Со трите бодови „гладијаторите“ се изедначија со тимот на Пролет на второто место на табелата во Супер лигата. Охриѓани во следната 10-та рунда ќе се сретне со Еурофарм Работник, кој паузираше во ракометната елита.

OhridNews