– Охридското Езеро е сместено меѓу Македонија и Албанија, личи на леген во средината на околните планини. Езерото е опкружено со викенд-села и манастири, кои ги има повеќе на македонска страна од езерото. Најголемиот град сместен на езерото, Охрид сам по себе е вистински настан, место кое треба да се доживее, пишува Тraveller.
Во текстот понатаму се додава дека Охрид отсекогаш било популарно одморалиште во Источна Европа, но остатокот од светот допрва ќе слуша за него. Доволно е, стои во статијата, само да се ужива во патувањата со брод и на плажите, но во секој случај треба да се крене глава нагоре во шумите, и во карпите со бројни тврдини и цркви.
– Охрид е уште попрекрасен навечер, самракот незабележливо внесува нова димензија во традиционалното јадење и пиење на кафе-терасите на кои гласноста неизбежно се зголемува. Локалните плажи во близина на Охрид честопати се преполни. Локалците преферираат да одат на подалечните плажи, како онаа кај манастирот Свети Наум, која се наоѓа на југозападната страна на езерото, близу албанската граница. Таму е потивко и има прекрасен поглед кон градот преку езерото – стои во текстот.
Следни дестинации кои ги предлага Травеллер се- Кутна Хора во Чешка, Куресаре во Естонија, црногорскиот град Цетиње, Кестели во Унгарија, полскиот Торуњ, родното место на Никола Коперник, Клуј-Напока во Романија, Тампере во Финска и Марибор, вториот по големина град во Словенија.