Охридската екипа ќе биде во сигурни раце и следната сезона, откако клупската управа постигна договор за продолжување на соработката со чуварот на мрежата Никола Симоновски.

Популарниот „Бена“ беше еден од најдобрите играчи минатата сезона кога „рибарите“ за влакно не обезбедија пласман во Првата македонска фудбалска лига, претрпувајќи пораз во баражот од Ренова.

За „охридската единица“ ова ќе биде втора сезона во дресот на Охрид. Симоновски на „Билјанини Извори“ пристигна на почетокот од минатата сезона од соседот Струга Трим Лум.

Покрај Симоновски, „рибарите“, соработката ја продолжија со Љупче Трпески и Ајрадин Цуцули, а ги доведоа Игор Клечкароски, Сашо Шопоски и Мурат Адили.

OhridNews