Кошаркарите на Охрид денеска на гости го совладаа убедливо Работнички 58:77 и со 2:1 во победи се пласираа во полуфиналето од плеј-офот во Втората лига.
ГКК Охрид обезбеди пласман во полуфинале во Втората кошаркарска лига после 7 години.
Охриѓани сега го чекаат расплетот од мечот Куманово – Соколи Штип (1:1), кој се игра утре во 19 часот, по што ќе биде познат нивниот противник во полуфиналето.
Поради победата над Работнички, кој беше подобро пласиран тим во регуларниот дел од сезоната, ГКК Охрид ќе ја има предноста на домашен терен во полуфиналето од плеј-офот.
Г.М.