Најголемиот и најмасовниот спортски настан во нашиот град Охрид трчаТ продолжува да се промовира надвор од границите на Македонија. Осумчлена експедиција ќе биде дел од Атлетскиот маратон во Софија, Бугарија кој ќе се одржи на 14 октомври.

На експото на маратонот во Софија преставници од Охрид трчаТ официјално ќе ја започнат кампањата за промоција на настанот кој следната година по трет пат ќе се одржи низ охридските улици, a активно ќе учествуваат на трката.

Охрид трчаТ оваа година успешна промоција имаше на полу маратонот „Dumotion“ во хрватскиот град Дубровник и на Виз еир маратонот кој се одржа во Скопје.

OhridNews