Најголемиот спортски настан во Охрид, популарен како „Охрид ТрчаТ“, викендов на 27 и 28 април ќе биде промовиран на престижниот Атлетски викенд, кој ќе се одржи во еден од најубавите и најпосетувани градови во Хрватска, Дубровник.

30-члена експедиција од тимот на Охрид ТрчаТ ќе биде задолжена да го промовира Атлетскиот викенд на саемот за трки и организации на кој ќе присуства целата светска маратонска елита.

– Проектот „Охрид ТрчаТ“ сакаме во најдобр светло да го презентираме пред светската јавност. Во Дубровник одиме да научиме нешто повеќе, да го промовираме нашиот атлетски викенд и да собереме сили за финалните подготовки кои не очекуваат. – изјавуваат од Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“, која е организиратор на „Охрид ТрчаТ“.

Пријавувањето за Охрид трчаТ е во тек и ќе трае до 26 мај. Пријава за учество може да се пополни на официјална интернет страница Ohridtrcat.mk.

OhridNews