Ракометниот клуб Охрид ќе игра во финалето на Меѓународниот турнир во Тузла. „Гладијаторите“ за пласман во големото финале го совладаа домаќинот Слобода со тесен резултат 31-30 (17-16).

Во финалето кое се игра во 18 часот, составот на Охрид, силите ќе ги одмери со унгарскиот клуб Орашази, кој со 30-27 славеше против Металопластика во второто полуфинале.

OhridNews