Екипата на Охрид е првиот финалист во Општинскиот Фудбалски куп. “Рибарите“ на теренот во Косел во реприза од минатогодишното финале го совладаа Лескоец со 1-2.
Домаќините имаа предност се до 85 минута кога гостите прво израмнија од пенал ,а во финишот на мечот направија и комплетен пресврт.Незадоволни по примениот гол во самиот финиш на мечот домаќините го напуштија теренот.
Денеска се игра второто полуфинале во кое играат Борец и Дебрца.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com