Со изложба на ликовни дела од колекцијата на Центарот за култура „Григор Прличев“ на 5 февруари, в четврток,  ќе започнат „Прличевите беседи 2009“.

Во рамките на свеченостите посветени на охридскиот Хомер, Прличев,  ќе биде претставена  поемата „Атлантида“  која е носител на наградата „Григор Прличев“ за минатата година, а на нејзиниот автор ќе му биде врачена наградата во вредност од 1 500 евра што ја доделува издавачката куќа „Просветно дело“.

Традиционалната „Охридска визита “ ќе се одржи во библиотеката што го носи името на ловороносецот.  Во рамките на беседите е предвидена и панихида на гробот на Прличев, како и мултимедијална промоција на три проекти од „МС Прософт“ – Охрид.

Свечености се планираат и во основното училиште „Григор Прличев“ каде што ќе биде положено свежо цвеќе пред бистата на поетот во училиштниот двор, а ќе се промовира и етнолошка одаја. Приредбата по повод патрониот празник училиштето ќе ја одржи  на 6 февруари во Центарот за култура.

Организатори на Прличевите беседи се националните установи Центар за култура и Библиотека со финансиска поддршка од Министерството за култура на Република Македонија и во соработка со охридската локална власт.

Инаку годинава се одбележуваат 116 години од смртта на македонскиот преродбеник, Григор Прличев.

Јорданов ќе го добие клучот на Охрид на 6 февруари

А.Р.