После шокантното повлекување на Кошаркарскиот клуб АВ Охрид од Првата лига, кошаркарите приморани беа во најкраток можен рок да најдат нови клубови каде ќе ја продолжат кариерата. Марјан Младеновиќ, Војче Лефковски и Адем Мекиќ ја решија своја иднина што се однесува за сезоната која доаѓа и ќе останат во македонскиот шампионат.

Организираторот на играта Младеновиќ го засили Гостивар, Лефковски се пресели во Кожув, додека Мекиќ трансферираше во екипата на Пелистер. Данило Мијатовиќ е на крстопат помеѓу МЗТ Скопје и Работнички, а другите кошаркари во следниве неколку дена треба да ги официјализираат своите трансфери.

КК АВ Охрид четири години опстојуваше на македонската кошаркарска сцена. „Галебите“, три од четирите сезони беа дел од Првата лига а во една во Втората лига ја освоија титулата. Во трите сезони во кошаркарска елита, АВ Охрид беше редовен учесник во Купот на Македонија. Клубот наметна голем професионализам, но не` очекувано згасна кога требаше да направи чекор напред и да се бори за високите места на табелата во Првата лига.

OhridNews