Со свеченост што ќе се одржи денеска со почеток во 10 часот во голема сала на општината, Охрид ќе го одбележи 9 Мај – Денот на Европа. На свеченоста обраќање ќе има градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.
На 9 Мај во 1950 година се роди идејата за Европска унија, кога францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман во Париз ја прочита декларацијата со која ги повика Франција, Германија и останатите европски земји да ги здружат своите производства на јаглен и челик како „прва конкретна основа за создавање на европска федерација“. Трговската заедница набрзо стана Европска заедница. Денес Европска унија има 27 држави невклучувајќи ја Велика Британија која на референдум одлучи да истапи од членство во унијата.
Македонија е земја кандидат од 2005 година и се’ уште го очекува датумот за отпочнување на преговори за членство во Унијата.
OhridNews