Заклучно со 1 август, 31% од населението во државата над 18 години е вакцинирано со прва доза вакцина. Охрид е еден од градовите во кој има најголем опфат на население со вакцинирани 45,4 отсо од граѓаните. Најголем процент на вакцинирани има во Гевгелија 46,2 %. Над 40 проценти вакцинирано население има во градовите Кавадарци – 46,1%, Битола – 43% и Штип- 41,1%.
Помеѓу 30 и 40% со прва доза на вакцина е опфатено населението во Скопје, Демир Хисар, Велес, Берово, Пехчево, Прилеп, Крушево, Валандово и Пробиштип. Помеѓу 20 и 30% од населението во Св.Николе, Кочани, Виница, Делчево, Куманово, К.Паланка, Кратово, Струга, М.Брод, Струмица и Радовиш.
Најмалку вакцинирани има помеѓу жителите на Кичево 18,2%, Дебар 18,6%, Тетово 19,4% и Гостивар 18%, информираше министерот за здравство Венко Филипче.
Апелирам на што поголема заинтересираност и во периодот што следува. Вакцинацијата е единствен начин да го победиме вирусот и да спречиме понатамошно ширење на истиот во есенските денови, односно во деновите во кои во светски рамки е прогнозиран иден нов бран на делта сојот, напиша Филипче
Кај лицата над 50 годишна возраст опфатот со една доза вакцина изнесува 50,6%, кај лицата над 60 годишна возраст опфатот со една доза изнесува 61,2%, додека кај лицата над 70 години изнесува 64,9%.
ОhridNews