,,MEDCEUR11” ќе биде меѓународна вежба од доменот на медицинската поддршка, а ќе се изведува во реални услови на терен, каде главни носители се АРМ и Командата на силите на САД во Европа (УСЕУЦОМ).
Покрај армиите на САД и на Република Македонија, на конференцијата своето учество на ,,MEDCEUR11” го потврдија армиите на: Република Србија, Словенија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Со вежбата ќе раководат двајцата кодиректори: полковникот Андреја Наумовски кој е командант на Воено-медицинскиот центар на АРМ и Алан Пејџ од Командата на силите на САД во Европа.
Инаку, целта на изведувањето на ,,MEDCEUR11” е промоција на интероперабилноста и капацитетот за распоредување и употреба пред се на единиците за медицинска поддршка и примената на стандардите на НАТО во овој дел.
Иницијална планирачка конференција, која се одржува во хотелот Гранит во Охрид завршува утре, 18 јуни.