Развојот на општините, како примарни единици на непосредно остварување и практикување на демократските права на граѓаните, е од есенцијално значење за поширокиот развој на заедницата, истакна радоначалникот на Охрид Константин Георгиески на последната форумска сесија на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен развој“, што преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион, се реализира со помош на Швајцарската агениција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа.
Тој изрази благодарност до Швајцарската агенција, ресорното министерство и Центарот за развој на југозападниот регион за успешното релизирање на предвидената програма, укажувајќи на придобивките за Општина Охрид која активно е вклучена во овој процес.
Во рамки на процесот Општина Охрид реализираше проект за уредување на пешачка патека, во стариот и најатрактивен туристички дел од градот. Патеката е изградена од природни материјали, а в долж истата се поставени и 24 автентични канделабри. Целиот проект чинеше 3 милиони денари. Овој проект значајно придонесува кон подобрување на туристичката понуда на Охрид. – рече Георгиески, кој на собирот се обрати во име на Советот на градоначалниците..
Градоначалникот на Охрид очекува во рамки на оваа иницијатива, наредната година да се реализира и проектот за реконструкција и опремување на современ центар за физикална терапија во болницата „Св. Еразмо“.
Со овој проект значајно ќе придонесеме кон подобрување на социјална инклузија за пристап до здравствени услуги во целиот Југозападен плански регион – истакна во своето излагање градоначалникот Георгиески.
OhridNews