Охрид е дел од деветте локални самоуправи од Мекедонија кои спроведуваат практики на добро владеење, покажале резултатите од истражувањето ЛОТОС 2014, што го спроведе Центарот за истражување и креирање политики од Скопје во рамки на проектот „Размена на најдобрите ЕУ практики за следење на корупцијата на локално ниво“ финансиран од Европската Унија. Добри резултати за спроведување на позитивни парактики покажале и општините Струмица, Велес, Илинден, Битола, Карпош, Богданци, Штип и Градот Скопје.

Според истражувањето кое денеска беше презентирано во Скопје, просечниот резултат што го постигнале општините е 3,53, а нема ниту една општина која покажала резултати за да биде вброена во групата на општини со одлично владеење. Најдобри резултати на ЛОТОС 2014 година покажале општините од Југоисточниот регион, а по него следи Пелагонија и Југозападниот регион на Македонија.

Најлошо рангирани се Зелениково, Зрновци, Студеничани, Чучер Сандево, Ново Село, Брвеница, Шуто Оризари, Старо Нагоричани и Градско.

ЛОТОС 2014 ја оценуваше примената на добрите практики на локално ниво во однос на шест принципи на добро владеење: транспарентност, одговорност, отчетност, учество, ефикасност и ефективност, а во рамки на истражувањето биле користени вкупно 74 индикатори

ЛОТОС методологијата е пренесена од Хрватска каде истражувањето се спроведува континуирано секои две години од 2009-та. Во Македонија методологијата ја спроведе Центарот за истражувањеи креирање политики во соработка со ГОНГ од Хрватска, ЦЕРИ Битола, ЗЛРР Тетово, ЛДА Струга, Бујрум Куманово, ЕХО Штип и Зелена Сила Велес.

Во рамките на овој проектот на ЦИКП ќе се одржи и Меѓународна конференција, која започнува денеска во Охрид. Во рамки на тридневниот настан ќе бидат отворени теми за следење на корупцијата на локално ниво, за транспарентноста како клучен предуслов за интегритетот на локалните самоуправи и нивната отвореност за граѓанско учество.

OhridNews