Непроценливото археолошко богатство од златен накит, кое во Охрид беше пронајдено во текот на месец јули, датира од македонско- хеленистичкиот период, од кога потекнува и Златната маска која беше откриена во 2002 година. Ова археолошко богаство има големо значење, не само за Охрид, туку и за целата македонска историја.
Со концертот на познатиот композитор на филмска, музика Енио Мориконе, на 12 јули, свечено беше отворено 49-то „Охридското лето“. Овој концерт, беше најголемиот музички настан, што оваа година се одржа во Охрид. На сцената на Античкиот театар, Мориконе диригираше со околу сто музичари и со исто толку хористи. Бројните гости од Македонија и од странство, на концертот имаа несекојдневна можност, во живо да ја слушаат легендарна филмска музика, на еден од најголемите светски композитори.