Охрид ќе биде украсен за новогодишните празници, истакна денес градоначалникот Кирил Пецаков. Како што вели Пецаков, градот мора да биде подготвен да ги прими странските туристи кои се најавени дека ќе престојуваат во Охрид за време на новогодишните празници, а тендерот за украсувањето е минимален.

Во Охрид за новогодишните празници се најавени странски туристи  кои ќе го посетат градот и ќе уживаат во убавините на Охрид, така да ние не смееме да си дозволиме да имаме неукрасен град. Тендерот за украсување е минимален, ама сепак  градот ќе биде украсен и ќе биде подготвен да ги прими странските туристи. За новогодишната вечер ќе има скромен настан на градскиот плоштад на кој ќе настапат само охридски изведувачи кои ќе ги забавуваат гостите, истакна Пецаков.

Дел од општините низ државава буџетските средства наменети за украсување за време на новогодишните и божиќните празници поради пандемијата и енергетската криза ги пренаменија за други цели.

К.А.