Прв Конгрес на нуркачи во Република Македонија ќе се одржи во Охрид на 3-ти и 4-ти декември 2022 година во организација на Kлубот за подводни дејности „Охрид“.

Конгресот има за цел размена на искуства, проблеми, замки и трикови во нуркањето, како и соработка помеѓу клубовите и Центрите, но и барање на насоки што може да се направи за иднината на нуркањето во Република Македонија. Сите учесници на Конгресот, преку 15 минутни излагања, ќе можат да го претстават својот клуб, но и искуства од нуркањата. На Конгресот се поканети сите нуркачи, без оглед на тоа на која Асоцијација припаѓаат или во кој центар или клуб членуваат, велат организаторите.

Додаваат дека на овој начин соработката ќе продолжи и дека оваа идеја за комуникација и дружење помеѓу сите нуркачи од Македонија ќе придонесе за подигнување на знаењето, организираноста и безбедноста на повисоко ниво.

На отворањето на Конгресот на 3-ти ноември во големата сала на Општина Охрид, пред присутните ќе се обрати градоначалникот Кирил Пецаков, по што ќе следува претставување на клубовите учесници и дискусија. За следниот ден предвидено е нуркање и еколошка акција за чистење на градското пристаниште во Охрид.

OhridNews