24 Мај-денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј, во Охрид ќе биде одбележан со повеќе културни манифестации.
Свеченостите ќе започнуваат со полагање цвеќе на споменикот на Св.Кирил и Св.Методиј, каде ќе бидат доделени и признанија на наградените ученици- учесници на меѓународни и државни натревари, од основните и средните училишта во Општината.
Во 11:00ч. на градскиот плоштад ќе се одржи свечена приредба на учениците од основните и средните училишта од Општина Охрид, на која ќе настапат учесниците од 10-от детски фолклорен фестивал
Организаторите напоменуваат дека доколку временските прилики не дозволат оддржување на планираната програма на отворено, после полагањето цвеќе на споменикот на Просветителите, програмата ќе продолжи во Центарот за култура “Григор Прличев”.