Националниот празник Илинден во Охрид  ќе биде одбележан и со бројни манифестации и културни настани.

Четсвувањата ќе започнат вечерта на 1 август во  19 часот и 30 минути во селото Велгошти. На свеченоста свое обраќање ќе има градоначалникот Александар Петрески кој во име на општината ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на Илинденците.

На втори август во 9 часот и 30 минути, делегации на Општина Охрид, Сојузот на Борците од НОВ и други институции и организации, во градскиот парк, ќе положат свежо цвеќе пред  спомениците на Методи Патче и Христо Узунов и хероите од НОБ Спас Банџов и Андон Дуков, како и пред бистата на Мите Богоески во средното економско училиште. Исто така, свежо цвеќе ќе биде положено и на спомен плочата кај легендарниот Прентов Мост.   

Во рамки на одбележувањето на  106 години од Илинденската епопеја и јубилејни 65 години од првото заседание на АСНОМ, во сабота во спомен-куќата на Узунов, ќе биде промовира книгата “Охрид и охридско низ османлиската документација“ од професор доктор Драги Ѓоргиев. Најавено е дека директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман ќе открие  вредна реликвија од Христо Узунов.

Илинден ќе биде одбележан и со повеќе спортски манифестации. Викендов ќе се оджат традиционалната Илинденската едриличарска регата, малиот пливачки маратон – Илинденски куп, а на падините на Галичица ќе се одржи натпревар од светскиот куп во параглајдерство.

Празничниот викенд ќе биде збогатен со повеќе музички случувања и концерти на светски познати ди-џеи, популарни пејачи и групи.

Ohridnews