Охрид домаќин на 7миот Македонски психијатриски конгрес. На конгресот пред присутните се обрати градоначалникот, Кирил Пецаков кој изрази благодарност што Охрид е избран за место на одржување овој конгрес, посакувајќи им притоа успешна работа на присутните.
Секогаш ми причинува искрено задоволство кога присуствувам на собири од лекарската професија. Вашата работа драги колеги, е од фундаментално значење за медицинската наука, во совладувањето на еден од најтешките проблеми со кои се соочува човештвото, за подобро здеавје на поединецот и пошироката заедница, рече Пецаков.
Kонгрес се фокусира на темата „Предизвици во психијатријата и менталното здравје во третата деценија на 21 век“ и нуди единствена платформа за размена на најнови искуства и клинички сознанија.
OhridNews