Натпреварот помеѓу Охрид и Локомотива наместо на “Билјанини Извори“ ќе се одигра на теренот во село Велмеј, не информираа од охридскиот второлигаш.


Како причина за ваквата одлука, управата на клубот ја наведува лошата состојба на игралиштето во Охрид, која дополнително беше влошена по одиграните натпревари на надежите до 19 години против Словенија.

Охрид вторпат сезонава ќе игра на теренот во Велмеј. Последниот натпревар во есенскиот дел од сезоната белите го одиграа таму и го загубија од Шкендија со 3-1.

М.П.