Дерби натпреварот од Втората Македонска фудбалска лига помеѓу второпласираниот Охрид и лидерот во конкуренцијата Миравци, наместо во Охрид ќе се игра во Струга. Поради санација на теренот на “Билјанини Извори“  охриѓани се приморани да играат на алтернативен терен, а пријавен е стадионот на ФК Караорман во Струга.

Навистина штета што нема да го одиграме мечот во Охрид, но што е тука, ние ја разбираме потребата на ЈП “Билјани Извори“ да го санираат игралиштето. За мечот низ градот владее голем интерес и охриѓани нон стоп  прашуваат каде ќе го пречекаме Миравци.  – вели секретарот на клубот Милчо Ристески.

Љубителите на фудбалот ќе мора да патуваат во Струга за да ги гледаат своите миленици. По серијата позитивни резултатаи на охридските второлигаши публиката полека се враќа на трибините. Последната езерска пресметка против Влазними ја проследија две илјади гледачи. Дел од од нив се организираат да патуваат до Струга , а навивачката група “рибари“ најави свое присутво на дерби мечот.

Ќе одиме Струга, да го бодриме нашиот тим. Тамам зедовме залет штета е да не бидеме со екипата во еден од битните мечеви во првенството – велат од навивачката група.

Во претходната рунда и вториот охридски второлигаш Охрид Лоте ја пречека Локомотива на теренот во с Велмеј.

Од ЈП “Билјанини Извори“ велат дека ова ќе биде последнотото “откажување“ на меч од шампионатот, санацијата на теренот била неопходна, а истата ќе биде добредојдена за сите, посебно што наближува зимскиот период кога повеќе екипи од Македонија и странство ќе дојдат во Охрид на подготовки.

М.П.