Натпреварот од 20 – то коло помеѓу Охрид и 11 Октомври ќе се одигра на теренот на Тиквеш во Кавадарци, не информираа од охридскиот второлигаш.



Охрид по прекинот на мечот со Локомотива одигран во Велемеј, е принуден да пријави нов терен оддалечен 100 километри, а “рибарите“ се одлучија за Кавадарци.


За “охриѓани“ ова е трет натпревар на кој како домаќини ќе играат надовор од “Билјанини“. Двата натпревари кои ги играа во Велмеј ги загубија и тоа од Шкендија со 3-1 и Локомотива со службени 3-0.