Охрид и спортската арена „Билјанини Извори“ ќе бидат домаќини на завршницата од машкиот ракометен Куп на Македонија. Годинава Охрид по втор пат ќе биде домаќин на Куп разврска откако во февруари ги угости кошаркарите.

Вака одлучи Ракометната федерација на Македонија, која досега домаќинот на Купот го одредуваше по пат на лицитација. Завршницата од Купот на Македонија во Охрид ќе се одигра на 17 и 18 мај, а ќе учествуваат најдобрите четири екипи.

Три седмици претходно ќе се се одиграат четвртфиналните натпревари по кои ќе се дознаат патниците во Охрид кои ќе се борат за титулата во Купот.

Актуелен освојувач на Купот на Македонија е Металург, кој минатата сезона во финалето го совлада струмички Зомимак.

Мх.П.