Охрид и СРЦ Билјанини Извори ќе бидат домаќини на Финалниот турнир во Купот, информираат од Македонската кошаркарска федерација. Тунирот ќе се игра од 6 до 9 февруари. Популарниот “фајнл-ејт“ ќе стартува во четвртфиналните мечеви на 6 и 7 февруари.
Полуфиналните пресметки ќе се играат во сабота на 8 февруари,додека финалето во недела на 9 февруари.
Пласман на завршницата обезбедија бранителот МЗТ Скопје, потоа Работнички, Кожув, Лирија и Куманово. Останатите учесници ќе бидат познати по комплетирањето на осминафиналните мечеви.
ohridnews