Охрид викендов е домаќин на вторите невролошки средби што заеднички ги организрат Здружението на педијатри на Македонија, невролошкиот оддел при Клиниката за детски болести во Скопје, Хачитепе универзитетот и Владата на република Турција.

На средбата учество ќе земат врвни лекари специјалисти од регионот кои во Охрид ќе разменат искуства за најновите достигнувања на медицината во лекувањето на нервните болести, со акцент на невролошките заболувања кај децата.

Ohridnews