Охрид и “СРЦ Билјанини Извори“ ќе бидат домаќини на кошаркарскиот турнир “Трофеј на Македонија“ кој ќе се одржи од 25 до 27 јули.


На турнирот „Трофеј на Македонија“, покрај нашата селекција, ќе учествуваат селекциите на Брегот на Слоновата Коска, Катар и на Црна Гора.



Трофејот Македонија ќе биде последната контрола за избраниците на Марин Докузовски во пресрет на квалификациите за ЕП 2011 година во Литванија. Македонија е во групата со Велика Британија, Украина, Унгарија и БиХ.

М.П.