Од 23 до 29 септември Охрид ќе биде домаќин на три ренормирани меѓународни конференции и средба на деканите на електротехничките факултети од регионот. На сите овие конференции, главни носители се професорите и научниот кадар од Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје (ФЕИТ).
На 23.09. започнува дводневна конференција „ФАБОЛОУС”, во организација на Европската Алијанса за Иновации и ФЕИТ. Ден подоцна започнува исто така дводневна конференција на ЕТАИ (Здружение на Македонија за телекомуникации, електроника, автоматизација и информатика), а на 26.09. започнува советување на МАКО ЦИГРЕ (Македонски национален комитет во Меѓународната асоцијација за големи електрични системи).
Средбата на декани на електротехнички факултети од регионот ќе се одржи на 25-ти септември.
Конференциите ќе се одржат во хотел „Метропол лејк ресорт“.
OhridNews