Од денеска до 31 мај, Охрид ќе биде домаќин на  Конференција за заштита на води што ја организираат Министерствата за животна средина на Македонија и Франција. Коорганизатор е  ЈНУ Хидробиолошки завод – Охрид.
   
За состојбата со водата во светски рамки, како и за заштитата на овој најважен природен ресурс ќе бидат изложени над 200 научни трудови од повеќе земји во светот.
  
Директорот на Хидробиолошки завод, Гоце Костоски, не го крие задоволството што Охрид по трет пат е домаќин на овој експертски собир, како резултат на напорите што ги прави оваа установа.
   
Хидролозите предупредуваат дека војните што ќе се водат во 21-от век  нема да бидат за нафта, туку за водата која се помалку ја има, а како главна причина  ги наведуваат климатските промени во светски рамки.

ohridnews