Македонската Федерација  за хокеј на трева ќе организира семинар за тренери – почетници. Околу 30 тренери од Македонија и од земјите од нашето опкружување Бугарија,Србија и Албанија викендов во Охрид ќе се запознаваат со тајните на овај спорт.

Предавачи на семинарот кој започнува денес, а ќе трае се` до недела ќе бидат Норман Хјус од Англија и Антонио Антонов од Бугарија, а предавањата ќе се одржуваат во салата во училиштето Св. “Климент Охридски“

На иницијатива на Македонската Федерација и Европската федерација на овој семинар ке присуствуваат преставници од Албанија (професори од спортската академија од Тирана), со цел во иднина развој на хокехјт и во Албанија.

М.П.