Охрид и С.Р.Ц „Билјанини Извори“ ќе бидат домаќини на манифестацијата Светски ден на атлетиката, која ќе се одржи на 16 Мај 2010 година на ново поставената тартан-стаза. Организатори на натпреварот ќе бидат Атлетскиот клуб Охрид заедно со Атлетската Федерација на Македонија. На тој натпревар учество ќе земат сите атлетски клубови од државата.
Овој ден ќе го обележат 161 од 213 членки на ИААФ,а оваа програма започна да се изведува уште од 1996 година. Целта е децата од училишна возраст во индивидуални и екипни натпревари да ја промовираат атлетиката во целиот свет.
Целта на овогодинешното издание на “ИААФ светски ден на атлетиката“ е да се воспостави цврсто важна конекција помеѓу младите, спортскиот дух и заштитата на животната средина. По препорака на ИААФ, комисијата за развој и стабилност, земјите-членки на ИААФ беа известени за спроведување на ИААФ “ЗЕЛЕНИОТ ПРОЕКТ“ во соработка со “ИААФ светски ден на атлетиката“, со цел да помогне во градењето на свеста кај младите, одржлив развој и заштита на животната средина.
Федерациите членки имаат за задача организацијата помине со голем број на активности, вклучително и со засадување на дрво, повикувајќи ги своите спортисти да учествуваат во заштитата на животната средина, да се вклучи во соработка со локалните организации специјализирани за еколошки прашања, да им се помогне во промовирањето на спортот и животната средина.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com