Во Охрид во тек се последните подготовки околу организацијата на светската конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог „Придонесот на верата и културата кон мир, заемна почит и соживот“ што од 26 до 28 октомври ќе се одржи во х. Инекс.

Министерот без ресор Аднан Ќахил, кој е задолжен за организацијата на овој исклучително голем настан, вели дека се е подготвено за почеток на конференцијата.

Како учесници на конференцијата се најавуваа светски познати личности, како Папата Бенедикт, Анџелина Џоли и други. Споменатите нема да дојдат во Охрид, но  нивото е исклучително високо вели Ќахил.

Светската конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог „Придонесот на верата и културата кон мир, заемна почит и соживот“свечено ќе биде отворена утре.


Охрид деновиве ќе биде домаќин на значајни настани

Во рамките на настанот ќе биде отворена интернационална изложба на  уметници од Балканот, на која Охрид ќе го претставува уметникот  Драган Спасески- Охридски. Изложбата е насловена како „Добро утро Балкан“ и е дел од серијата изложби во регионот што започна во 2002 година. Како што информираше организаторот,  Фатмир Велаи, државјанин на Австрија со албанско потекло, изложбата во Охрид е последна во рамките на проектот кој ќе биде заокружен со претставување на уметничките дела од Балканот во Советот на Европа.

„За нас како град овој настан значи многу пред се за афирмација на Охрид и Македонија, рече на прес конференцијата градоначалникот на Охрид Александар Петрески.

Изложбата нема тема, а целта е културно обединување на уметниците од Балканот, рече Драган Спасески Охридски.

Г. Момироски