Од 28-31 овој месец, Охрид ќе биде домаќин на 21-те по ред Државни спортски игри  на телесните инвалиди на Македонија.
Свеченото отворања на овие  своевидни параолимписки игри ќе се одржи на Спасовден (четврток) во 18.30 часот пред седиштето на Здружението на телесните инвалиди – Охрид кое се наоѓа во бараките на  некогашната дирекција на ГП „Гранит“ во близина на Каналот „Студенчишта“.

Организатори на спортските игри на телесните инвалиди се: Сојузот на телесно инвалидизираните лица на Македонија и Федерацијата за спорт и рекреација на инвалидизираните лица – Македонски параолимписки Комитет.   

Ohridnews