Фудбалскиот стадион „Атина Бојаџи“ во Охрид втора година по ред ќе биде домаќин на завршните мечеви во Купот на Македонија во младинските категории. Оваа година ќе се одиграат шест финалиња, додека минатата сезона Охрид беше домаќин на четири финалните натпревари.

Финалната програма во Охрид на 15 мај ќе ја отворат младинците и кадетите, на 16 мај силите ќе ги одмерат пионерите и помладите пионери, а возбудувањата ќе завршат на 17 мај со финалните мечеви помеѓу петлињата и помладите петлиња.

Неодамна, трибините во Охрид добија нов лик со поставувањето на сините столчиња, а ЈП „Билјанини Извори“ дополнително го нашминка стадионот за незаборавни КУП финалиња.

Двојки и распоред:

15 мај:

Младинци: Работнички – Шкендија (17ч)

Кадети: Шкендија – Пелистер (10ч)

16 мај:

Пионери: Академија Пандев – Вардар (17ч)

Помлади пионери: Шкендија – Работнички (10ч)

17 мај:

Петлиња: Милано Куманово – Вардар (17ч)

Помлади петлиња: Вардар – Шкендија (10ч)

OhridNews