На почетокот на месец мај во Охрид ќе се одржи самит на претседатели на држави од средна Европа.
На самитот како што дознаваме учество ќе земат над 20 шефови на држави од средна Европа. Агендата на самитот е во финална фаза и се очекува наскоро да бидат соопштени детали за текот на настанот и темите за кои ќе се разговара во Охрид.
Одржувањето на самитот на претседатели во Охрид го помага владата на Полска. По тој повод, идниот месец градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, ќе ја посети амбасадата на Полска во Скопје, каде со амбасадорот Карол Бакули ќе разговара околу подготовките на мајскиот самит на претседатели на држави од средна Европа.
ohridnews