Средбата што се одржува во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), а има за цел на едно место да ги собере најмоќните и најпочитуваните ИКТ компании и асоцијации од Југоисточна Европа. Намерата на организаторот е преку средба на сите ИКТ чинители од регионот, да обезбеди делотворен дијалог со сите национални регулаторни тела на земјите-учеснички на конференцијата.
Во рамки на конференцијата годинава ќе се одржи и Седмиот состанок на Бордот на СЕЕ ИЦТ Форум, на кој ќе биде ставен посебен акцент врз неговите приоритети утврдени на ниво на Југоисточна Европа.